Во прв ред

Весна Писаровиќ во Скопје ја откри својата новогодишна желба – и ја запеа својата безвременска балада „Да знаш“ пред камерата на Музика24 (Видео)

Во свечена атмосфера и препознатлив медиумски ритам, денес во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје продукцијата Евентум приреди специјална прес-конференција со една од највлијателните балкански пејачки – Весна Писаровиќ. Настанот привлече голем број медиуми, а меѓу нив и екипата на музичкиот портал Музика24, која одблиску ја следеше целата приказна.

Писаровиќ се појави расположена, ведра и со позитивна енергија што веднаш ја освои салата. Со широката насмевка по која е препознатлива, таа топло ги поздрави македонските новинари, одвојувајќи време за разговори, фотографии и неформални моменти. Атмосферата беше опуштена, искрена и исполнета со позитивен елан, каков што може да донесе само уметник со вистински човечки пристап.

За време на ексклузивното интервју која што Писаровиќ го даде за нашата новинарска екипа, таа меѓудругото откри една мала празнична тајна – дека и денес, без разлика на возрасните години и професионалното искуство, сè уште верува во магијата на Дедо Мраз. Каква новогодишна желба ќе му довери оваа година, засега останува мистерија. Но со типичната харизма, откри дека ја посакува само една – и тоа сосема посебна. Пејачката искрено проговори и за Евровизија, откривајќи дека желбата повторно да се врати на големата сцена никогаш не згаснала.

„Евровизија е нешто што секогаш го носам во срцето – искуство кое се памети,“ рече таа, за музичкиот портал Музика24 оставајќи простор за уште повеќе прашања… и уште повеќе надежи. До македонската публика, која со години ѝ е верна, упати топла празнична порака:

„Да сте ми живи и здрави, да се чувате и да слушате убава и квалитетна музика.“

Но најемоционалниот момент се случи пред камерите на Музика24 – кога Писаровиќ, спротивно на својот долгогодишен принцип да не пее на прес-настани и интервјуа, направи исклучок и ја отпеа легендарната, безвременска балада „Да знаш“. Еден ред, еден стих, доволен за да ја потврди причината поради која нејзиниот глас е дел од колективното сеќавање на цели генерации.

Што уште ни откри Весна Писаровиќ, какви изненадувања подготвува и кои емоции ја врзуваат за македонската публика – ќе имате можност да дознаете многу скоро, во нашето ексклузивно интервју.

Следете нè — интервјуто наскоро ќе можете да го погледнете само на Музика24.

Можеби ќе ве интересира: