Ако постои пејачка која на најавтентичен, моќен и модерно-софистициран начин ја внесе soul музиката во 21 век, тогаш тоа е Joss Stone – артистката која зад себе има меѓународна кариера, светски турнеи, Grammy и Brit награди и статус на икона на современиот soul звук.
Сè започна во 2003 година со нејзиниот легендарен албум „The Soul Sessions“, проект кој веднаш ја постави во самиот врв на светската сцена и ѝ ја донесе престижната Mercury Prize. Од тој момент, Joss Stone не само што создаде препознатлив музички правец – таа изгради целосно сопствена уметничка вселена, каде што soul, blues, funk и pop се спојуваат во единствен, емоционален и впечатлив звук. Нејзината неверојатна кариера ѝ овозможи да настапи на најголемите светски сцени – од легендарниот „Glastonbury“, до клубски турнеи со кои го обиколи планетата. Total World Tour, која траеше дури шест години, ја претвори Joss Stone во музичар што нема граници – артист кој живее за музиката, за публиката и за целата таа енергија што ја создава на сцена.
Скопската публика веќе знае каков спектакл носи Joss Stone: нејзиниот претходен клупски настап беше распродаден за рекордно кратко време, а атмосферата се уште се прераскажува. Сега, доаѓа моментот за уште поголемо шоу.
Ова лето македонската публика повторно ќе ужива во еден од најмоќните женски вокали на современата музичка сцена. Концертот ќе се одржи на 21 јули, на отворено – на Стадионот на АРМ, просторот кој веќе традиционално ги дочекува најголемите светски уметници. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од четврток (27 ноември) од 10:00 часот онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk, по следниве категории и цени:
- ПАРТЕР – 1.990 денари
- ФАН ПИТ – 2.990 денари
Ова е концерт што ќе биде празник за сите љубители на soul, funk и квалитетен жив звук. Со Joss Stone секој настап е единствен, емотивен и неизмерно музички вреден.
Ова лето, Скопје ќе звучи поинаку – поасолно, помоќно и посветски.
Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ
