На фолк пејачката Сузана Гавазова се и се случи за кратко време, кога е љубовта во прашање, ја пронајде љубовта на својот живот, направија веридба, остана бремена и на осми август во родната Струмица ја подготвува свадбената церемонија. Кога е во прашање музиката не ја запоставува, редовно на нејзиниот facebook профил постира фотографии за нејзините фанови.
Гавазова иако бремена сними два видео спота. Овој пат за реализација на видеата беше задолжена BOX продукција. Последно го промовираше видеото за победничката песна на фолк фест “Валандово”. Спот со приказна, љубовна приказна, песна која ја отпеа пред се да и се случи и како некој да и ги слушна нејзините молитви. Сега навистина нема сама да остане. Сега има се кое го очекуваше, посакуваше, среќна е и исполнета. Ние од се срце и посакуваме што подолго да потрае и очекуваме покана за свадба 🙂
Подготви: Редакција Музика24
