Во прв ред

Новогодишна магија на сцена: „Sarah Mace & The Girlzz“ тргнуваат на празнична мини-турнеја низ Македонија (Фото)

Празничната еуфорија оваа година ќе биде збогатена со четири специјални концерти на Сара Мејс и нејзиниот женски вокален квартет, составен од Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова. Во придружба на Божиќниот оркестар под диригентската палка на Иван Еминовиќ, „Sarah Mace & The Girlzz“ ќе ја понудат својата празнична музичка програма на четири локации низ земјата.

Новогодишно-божиќната мини-турнеја започнува на 21 декември во Битола, како дел од манифестацијата „Зимска приказна“, каде публиката прва ќе има можност да ужива во специјално подготвениот репертоар. Настанот продолжува на 28 декември во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, а веќе следниот ден, 29 декември, квартетот ќе настапи на предновогодишниот концерт во Македонска филхармонијата во Скопје. Празничната музичка приказна ќе се заокружи на 30 декември во Крива Паланка, со концерт под отворено небо на градскиот плоштад.

Покрај најпознатите новогодишни и божиќни класики во нивни уникатни вокални аранжмани, девојките ќе ја претстават и својата најнова песна „Нека трепка“, која веќе го привлекува вниманието на публиката. Очекувањата се дека овие концерти ќе донесат вистинска празнична атмосфера и ќе ги соберат љубителите на убавата музика на едно место, токму во пресрет на најубавите денови од годината.

Текстот го подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: