Музика на кирилица

Глас што со децении ја обединува публиката – Радио Зона М1 одбележува 32 години од своето постоење

Нашите пријатели и соработници од најслушано радио во Скопје, околината и низ светот, Зона М1 Радио, вчера вечер го прославија и одбележаа својот 32-ри роденден, потсетувајќи на патеката исполнета со музика, забава и препознатлива енергија која со години ја гради врската со своите слушатели. Од првиот емитуван сигнал до денешните модерни радиофреквенции, ова радио останува симбол на континуитет, доверба и блискост со публиката.

Три децении континуирано присуство во етерот го позиционираа Радио Зона М1 како медиум што не само што ја пренесува музиката, туку и ги следи пулсот и секојдневието на народот. Преку својот препознатлив програмски концепт, радиото успеа да стане дел од домовите, автомобилите и работните простори, создавајќи моменти на радост, спомени и заедништво.

Јубилејот од 32 години е уште една потврда за силата на радиото како медиум што опстојува, се развива и се приспособува на новите времиња, без да ја изгуби својата суштина – да биде со народот и за народот. Од Зона М1 Радио порачуваат дека и во наредните години ќе продолжат да ја негуваат истата енергија, да ја следат музичката сцена и да бидат верен сопатник на секој слушател.

Зона М1 Радио уште еднаш ја потврди својата улога како медиум што не само што информира, туку и обединува – легенда која сè уште трае и продолжува да живее во срцата на својата публика.

Среќен роденден и да сте долговечни!

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: