Рок групата Архангел, која 25 години опстојува на музичката сцена, со пет издадени албуми зад себе, постепено, но со сигурност пишуваше нова музичка историја. По двогодишното отсуство, оваа формација реши предновогодишно да ги почести своите обожаватели со средба на спектакуларен концерт. Истиот ќе биде одржан на 20.12 во спортскиот центар “Борис Трајковски”.
На неколку портали во изминатиов период масовно се шпекулираше дека на концертот ќе се појави само Ристо Вртев, а не полниот состав на оваа рок атракција. На ова, уште “посилни” и со право, противречат организаторите (продукција План Б), кои најавуват дека не само што на сцена ќе се појават сите шест членови, туку и истите ќе бидат придружувани од 60-тина други музичари. Македонската филхармонија не само што ќе ја збогати целосната слика, туку ќе даде и еден поинаков шмек на концертот.
Ве уверуваме дека со ваквите најави концертот ќе претставува неколкучасовно, звуковно совршенство. Не смеете да имате План Б, туку еден и единствен план за тој ден. Картите се веќе во продажба на добро познатите места, како и за секој друг настан и истите достапни за секој џеб. Побрзајте да го потврдите Вашето присуство.
Подготви: Сања Неткова
