Поп-пејачот Емил Арсов поранешна М2 ѕвезда, вчера во 20 часот во кафулето “Бруклин” во трговскиот центар “Скопје Сити Мол” го промовираше својот најнов албум. Новиот албум на Емил Арсов е насловен “Светлина”, како што се вика и неговата најнова песна која беше пуштена пред некој ден во етер, а новиот албум освен оваа песна содржи уште 11 нови и веќе слушнати песни.
Како автори зад албумот се потпишуваат добро познатите: Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Лазар Цветковски, Огнен Неделковски, Кристијан Габроски, Магдалена Цветковска и Тончи Хулиќ. Албумот “Светлина” официјално е пуштен во продажба од продукцијата во која е Емил е од неодамна ексклузивец – “План Б Продукција”.
Подготви: Маринела Каранфилоска
