Во прв ред

Охрид Нова година ќе ја дочека со познати македонски музички имиња (Фото)

Наум Петрески, сопругата Зуица Лазова, Анастасија Петрески, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба и оркестарот на групата “Синтезис” ќе ги забавуваат охриѓани и туристите за новогодишната ноќ. Највеселиот дел ќе биде им биде препуштен на блех оркестарот Агушеви.

“Се надевам дека со оваа програма која што ја базиравме на македонски изведувачи и на еден начин го претставува кремот на македонската естрада ќе овозможиме одлична забава пропратена со голем огномет”, изјави Ѓоко Апостолов од општина Охрид. За надополнување на празничниот амбинет еден месец на градскиот плоштад ќе биде поставено лизгалиште на мраз.

“Се надевам дека ова што ние го приредуваме ќе им се допадне на граѓаните и на туристите. И се надевам дека Охрид почнувајќи од оваа година, па во наредните години ќе биде се поатрактивен за гостите кои што ќе имаат намера да додјат во Охрид и да ги одбележат празниците токму во нашиот град”, изјави Никола Бакрачески – Градоначалник на градот Охрид. Веќе има резервации, охридските угостители очекуваат бројни туристи од земјава и од регионот.

Александра Петреска“Очекуваме една добра посетеност за новогодишните празници вклучувајќи ги тука сите празници од Нова година до Богојавление”, изјави Михаил Мишев претседател на Здружението на угостители Охрид. Празничната атмосфера ќе трае десетина денови со настап на сите културно уметнички друштва, театарот и музички групи од градот. Со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа Охрид, забавата ќе чини скромни 15.000 илјади евра.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: