Премиера

Борис и “The W” ја промовираат нивната прва песна “Баба Мразица” (Аудио)

Додека некои одмораат предновогодишно, други смело, наменски и провокативно освојуваат. “The W” и Борис, е имено нов рок бенд за кој деновиве слуша пошироката македонска јавност. Досега беа добро препознатливи по оригиналните и најенергични настапи претежно во скопските локали. Разоткривајќи се конечно, со нешто свое и авторско ни ја збогатуваат и вжештуваат предновогодишната атмосфера. Новата песна е изработена од Борис Цветановски (текст), Виктор Захариев (музика и аранжман), Горан Милошески (продуцент).

Деновиве тешко е да се стапи во контакт со Борис поради барањата за гостување и промоција на нивниот сингл по радијата, па тој на кратко за Музика24 изјави:

“Целта ми беше да ја срушам бариерата на досадни предновогодишни песни. Спремаме нешто големо, што во 2014-та ќе го промовираме”. Со нетрпение го очекуваме денот кога нивниот проект ќе излезе на виделина, а до тогаш почувствувајте ја позитивната вибрација и уживајте во претстојните празници со “Баба Мразица”.

Baba Mrazica - Boris & W

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: