Со настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, денес понеделник, со почеток во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид свечено ќе биде отворено лизгалиште на мраз. Лизгалиштето кое е прво од ваков тип се поставува со цел охриѓани, а и гостите да се анимираат да го посетат градскиот плоштад. Општина Охрид ги повикува сите охриѓани да присуствуваат на музичко-забавниот хепенинг, да уживаат и да се забавуваат.
Инаку, десетдневната новогодишната програма во организација на локалната власт, започнува во недела со почеток во 18 часот кога на сцената кај градскиот плоштад ќе настапат учениците од ОУ “Христо Узунов”. Непосредно пред свеченото отворање на лизгалиштето, исто така на плоштадот ќе настапат учениците од основните училишта “Братство” и “Григор Прличев”.
Во секој нареден ден до 30-ти декември во рамки на новогодишната програма ќе настапуваат ученици од сите охридски основни и средни училишта, членови на културно уметнички друштва и актери од охридскиот театар. Во среда во Спортската сала “Атина Бојаџи” од 18 до 19:30 часот е новогодишната програма на општина Охрид. Во четврток во ЦК “Григор Прличев” ќе се одржи хуманитарен концерт: “Пееме да помогнеме и да се забавуваме”, а во сабота на градскиот плоштад ќе се одржи stend- up комедија во изведба на Никола Тодороски.
Подготви: Редакција Музика24
