Експо Центар со огромно задоволство ви најавува: Голем предновогодишен концерт на неповторливиот романтичар, човекот кој ги плени срцата на публиката со своите евергрини, големиот Владо Јаневски! Безвременските љубовни балади “Црно Тиквешко”, “И тогаш некоја будала”, “Евергрин”, “Што и да е ќе помине”, “Тајна oтровна”, “Ако не те сакам”, “Кој е крив”, “Две души и месечина”… ќе бидат само дел од репертоарот што Владо ќе го изведе на сцената на Експо Центар на 28-ми декември (сабота).
Не пропуштајте да бидете дел од оваа предновогодишна дружба со Владо Јаневски во Експо Центар. Влезници во предпродажба: Југотон (ГТЦ прв кат), Камарад (Рамстор), Цвеќара Розе (Веро 2) и сите прдажни места на МК Тикетс до 26.12.2013 (Четврток) по цена од 200 денари. На 27-ми и 28-ми (петок и сабота) – 250 денари. На врата: 300 денари.
Подготви: Редакција Музика24
