Музика на кирилица

Наскоро втор посхумен албум на Тоше Проески

Славен Ристески зет на Тоше Проески и продуцентот Енди Рајт веќе долго време собираа песни од Тоше кој некогаш тој ги има снимен, а не се досега издадени. Досега се собрани шест песни, од кои веќе три се комплетно завршени. Како што информираат српските медиуми, на пролет следната година, ќе биде издаден и вториот постхумен албум на Тоше.

“Завршивме три од шесте необјавени песни на Тоше, колку што пронајдевме по светов. Се што се заработи од неговиот прв постхумен албум е вложен во новиот”, изјавил Ристески за медиумите. Освен веќе излезената и на далеку позната “Све је ово премало за крај”, сите нови песни на Тоше се на англиски јазик.

“Луѓето кои ја слушнаа демо верзија на песните се воодушевени и веруваат дека публиакта ќе ги прифати веднаш. Чести се ситуациите во кои нешто не потсетува на нашиот Тоше и болката е голема. Оттаму и сатисфакцијата што работиме на неговите песни”, додава Ристески.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: