Берово и синоќа пулсираше во ритамот на последната фестивалска вечер од фестивалот „Етно плоштад“ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“.
Беровчани синоќа на последната вечер имаа можност да ги проследат и уживаат во настапите на: „Етно Малеш“, македонски зурли и тапани и Уска Кан, Игор Димовски со неговата „Пауза за ракија“, Пеѓа Јовановиќ и Ангел и Иван.

Имено, Берово синоќа непосредно по настапот на „Етно Малеш“, македонски зурли и тапани Уска Кан беше зафатено од пороен дожд, грмежи и засилен ветер со тоа што програмата односно настапите на Димовски, Јовановиќ, Ангел и Иван започнаа веднаш по невремто кое заврши по околу два часа.

Сепак, половина од плоштадот „Димитар Беровски“ во центарот на Берово беше празен како што рековме поради ненадејното невреме кое синоќа го зафати овој дел од Малешевијата. Публиката која останата и покрај врнежливото време уживаше во настапите на Игор Димовски, Пеѓа Јовановиќ и Анел и Иван.

Едно е сигурно Берово и беровчани и годинава покажаа какви домаќини се и како ги пречекуваат гостите не само за време на фестивалските денови туку и во стандардните денови. Кој бил во Берово знае, а кој не бил му препорачуваме да го посети и да ужива во се она што нуди ова мало на сепак градче со душа во Малешевијата.
Од Берово за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
