На неодамна одржаниот „Охрид Фест 2026“, композицијата „Вечерва”, во изведба на младата пејачка Марија Наумоска, ја доби наградата за најуспешна композиција по избор на Naxi Radio.
Меѓу наградите доделени на „Охрид Фест 2026“, признанието на Naxi Radio се издвојува како награда со регионален карактер. Токму затоа, за авторскиот тим на „Вечерва” таа има посебно значење и претставува препознавање на композицијата и надвор од македонската музичка сцена. Изборот на еден од најпрепознатливите радио-брендови во регионот покажува дека „Вечерва” успеала да привлече внимание и надвор од домашната публика.


Песната ја изведува Марија Наумоска, млад вокал со впечатлива боја на гласот, сценска сигурност и силна сценска појава. Со својот вокален и визуелен потенцијал, Марија е име од кое во следниот период може да се очекува поинтензивно присуство на музичката сцена. Настапот на „Охрид Фест“ и „Вечерва” се само почеток на она што допрва треба да следува во нејзината музичка кариера.
Автор на музиката и текстот на „Вечерва” е Митко Чешларов, додека аранжманот и гитарата се на Стефан Петановски.
Фото: Охрид фест – Охридски трубадури
