Балканленд

“Златна Бубамара на популарноста” по седумнаесети пат (Фото)

Во третата седмица од февруари традиционално по седумнаесети пат ќе се одржи доделувањето на “Златна Бубамара на популарноста” на која организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема “автоцензура” и на настанот да дојдат без своите “автомобили”.

“Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја, “Златна Бубамара на популарноста” го најавува седумнаесетото издание со еколошки монетарен слоган “Од пари се живее – не од воздух!”, велат организаторите на споменатата манифестација.

“Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество, и додека го чекаме тој убав ден, бараме да ќутите, слушате радио и дишете по дома”, велат од популарното скопско Радио Буба Мара и најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден, повторно ќе биде во знакот на сатира, пристоен хумор и добра музика.

69649_556759124357915_70017993_n“Златна Бубамара на популарноста” секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалност и општествена стварност.

“Во изминатите години создававме тематски различни идеолошки буба мари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка. За оваа година нашата програма повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници кој создаваат богатство на нашата душа”, вели Ранко Петровиќ автор и режисер на “Златна Бубамара на популарноста”. Билетите ќе се продаваат од 12-ти јануари преку МК тикетс.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: