Официално е потврдено Цеца за дочек на Нова година ќе пее за љубов на нејзиниот народ без хонорар. Цеца оваа година решила да се одолжи на нејзината публика со тоа што на 31-ви во Белград организира дочек кој е бесплатен, а ќе биде незаборавен. После седум години, Цеца ќе пее во Белград.
“Белград и Србија ми дадоа се, мојот народ ме направи ова што сум, моја обврска е на својата држава, мојот град секогаш бидам на располагање”, изјавила Цеца во интервју за српски весник. Сцената ќе биде поставена пред народното собрание. Покрај Цеца на сцената ќе се појават Никола Роквиќ, Јелена Томашевиќ и Кики Лесандриќ. Кога ние ќе доживееме некоја наша ѕвезда да го направи истото?
Подготви: Редакција Музика24
