Доколку новогодишната ноќ решите да ја поминете на плоштадот “Магнолија” во Битола, ќе имате задоволство како главни музички ѕвезди да ги слушнете Каролина Гочева и групата “Боеми”. Од општината Битола информираат дека годинешните новогодишни свечености ќе бидат посветени за најмладите и во знакот на Битолските естрадни ѕвезди.
“Буџетот е скратен, но не штедевме за најмладите, секој ден од 29-ти декемри до 31-ви декември од 11.30 до 20 часот ќе има новогодишна програма за деца, во соработка со НУ Народен театар – Битола, овозможивме сите театарски претстави во тој период да бидат бесплатни”, не информираат од општина Битола.
Подготви: Редакција Музика24
