Во прв ред

Романтично со малку вино и многу љубов, Жељко Самарџиќ доаѓа во Скопје

Еден од најголемите романтичари на Балканот, миленикот на македонската публика (особено на женската популација) Жељко Самарџиќ по неколку години повторно доаѓа во Скопје на голем февруарски концерт. Неговиот концерт, како што велат организаторите од Балкан Медија, ќе се одржи ден по големиот празник Св.Трифун или Св.Валентин, независно кој од Вас што прославува, односно 15-ти февруари во познатата Метрополис Арена.

Познатиот пејач во Скопје доаѓа со својот бенд за да ја потсети публиката на своите незаборавни хитови меѓу кои слободно меже да ги вброиме: “Грлица”, “Покажи ми шта знаш”, “Безобразно зелене”, “Љубавник”, “Зауставите јануар”, “9000”… и неговиот последен хит “Камелеон”.

Од Балкан Медија уште не известуваат дека влезниците се веќе пуштени во продажба и тоа на веќе познатите места низ градот за таа намена: “Југотон”, Цвеќарница “Розе” – Веро2, “Камарад” – Рамстор и на многу други локални места предвидени за таа намена низ цела држава. Цената на влезниците е следна: партер стоење – 400 денари, партер седење – 600 денари, ВИП галерија стоење – 600 денари, ВИП галерија седење – 700 денари, ВИП партер – 700 денари. Резервации за високи маси во ВИП делот на: 078 96 99 98.

Се надеваме и веруваме дека доколку решите да бидете дел од овој голем музички настан следниот месец во Скопје, ќе поминете незаборавна и одлично помината вечер.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: