Социјалните мрежи се дел од нашто секојдневие, јавните личности исто така ги користитат, некој повеќе некој помалку, но најчесто ги користат како подобро би се представиле, би изрекламирале настан каде што тие ќе пејат. Ние акцент ставивме на домашните музички артисти и што се случува со нивните фан страни. Па да почнеме.
Каролина Гочева има голем број на подржувачи. Вкупниот број на официалната страна на Каролина е 71.973 илјади фанови.
Кристина Арнаудова скормни 1.635 допаѓања.
Тамара Тодевска 8.522 допаѓања.
Дани 27.726 илјади допаѓања, нашата претставничка на музичкото талент шоу Фифи има 6.о57, додека Даниел Кајмакоски 176.288 илјади допаѓања. Од македонската фолк сцена, Сузана Гавазова има скромни 432 допаѓања, а нејзината колешка Елена Велевска има неколку страни и вкупниот број е oколу 9.730 илјади допаѓања.
Бројките се мали, но и ажурирањето на информации не е често, ретко кој посветува доволно внимание. Да не одиме подалеку состојбата во соседството не се споредува со оваа кај нас. Соседите се активни секој ден, омилен им е Твитер. Постираат нови фотографии, искажуваат свое мислење, а кај нас Твитер ретко и кој го има!? Треба работите од некаде да почнат да се менуваат. Треба да си најдат време да им се посветат и на фановите. Бројките на фан страните не се мерило за нешто, но сепак треба да се посвети време и за публиката. Мораат! Состојбата кога се фан страните во прашање е очајна, а и за гледаноста на видеа на You Tube деновиве.
Подготви: Редакција Музика24

