Покрај многубројните обврски кои ги има со настапите на професионално поле, Велевска наоѓа време на нејзиното семејство да им зготви. И покрај тоа што е мајка на три деца, сопруга и секојдневните вечерни настапи не секогаш дозолуваат Велевска да ги покаже нејзините готвачки способности, но кога се сака се може.
“Јас уживам во готвењето, задоволство ми е кога готвам, тоа ме опушта. Секој ден на моето семејство да им готвам. И мојата ќерка Софија знае да ми помогне. Се забавуваме и готвиме”, вели Велевска за нашиот музички портал.
“Неизмерна поддршка имам од сопругот кој многу ми помага околу децата, а јас сум задолжена за вкусната храна. Пред извесно време се преселивме во нов стан и кујната си ја стокмив по мој кеф, со задоволство готвам. Мајка ми ме научи и се надевам дека наученото добро го применувам во пракса. Бар до сега никој не се пожалил. Мојата професија е таква што често пати сум на турнеја, одамна немам слободен викенд, што е убаво кога се има работа. Но, затоа домот трпи и секој слободен момент максимално го посветувам на Софија, Марко и Калија. Среќна сум што имам сопруг кој ме подржува максимално”, додаде Елена Велевска за Музика24 и продолжува: “Најбитен зачин во готвењето е љубовта, кога готвите со љубов, не може да не им се допадне”.
Успешна мама, сопруга, а ние се надеваме дека ќе пробаме нешто кое Елена го има зготвено, па ќе ви кажеме каква готвачка е. Кој го бива за се го бива.

