Во последната епизода на настапите во живо на “X Factor Adria”, натпреварувањето го напушти нашата претставничка Фифи која беше дел од групата H2О. Публиката реагираше на нерегуларност кога е гласањето во прашање, но никој не одговори за истото. Цената на пораки за Македонија е најскапа. Нас едно не ни е јасно, како е можно ако е се регуларно ПР-от на телевизија Пинк на неговиот твитер во 16.46 минути да напише:
“Вечерва “X Factor”. Најдобар live до сега. Домашни хитови. Двајца натпреварувачи го напуштаат шоуто”.
Како е можно неколку часови пред да се случи натпреварувањето да се знае дека двајца натпреварувачи ќе го напуштат шоуто? Тоа и се случи, натрпеварувањето го напуштија Фифи и Маринела, дали Дарко Поповиќ има добри предвидувања или се се знае однапред? Останува да видиме што понатаму ќе се случува во ова шоу.
Подготви: Редакција Музика24

