Музика на кирилица

Јавно извинување до “Вечер” и новинарката Александра Тимковска

Музичкиот портал Музика24 јавно се извинува на забавната редакција на дневното списание “Вечер”, како и на новинарката – автор Александра Тимковска поради комплетно превземање на текстот: “Елена Велевска – гостинка на концертот на Миле Кузмановски”. Јавно се извинуваме поради настаната ситуација како на редакцијата, така и на авторот на веќе споменатиот текст. И секако, јавно ветуваме дека истото нема да се повтори, а новинарите кои стојат зад ова намерно или ненамерно копирање на текстот ќе бидат соодветно санкционирани. Се надеваме и искрено веруваме успешната соработка помеѓу нашите два медиуми, која е веќе воспоставена, ќе продолжи и во иднина.

Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: