Балканленд

Српската поп пејачка Маја Николиќ тајно абортирала?!

Српските медиуми на големо деновиве пишуваа за поп пејачката Маја Николиќ и нејзината посета на гинеколошката болница во Белград. Папараците дури ја имаа и фотографирано како ја напушта болницата.

“Дали абортирав е моја работа. Ова е голема одлука за мене. Бидејќи сум христијанка, забрането ми е да абортирам. Постам секоја среда и петок и како голем верник не би смеела тоа да го направам. Поради тоа побарав дозвола од својот духовен советник да ја прекинам бременоста, но тој ми кажа дека не може да се превземе таква одговорност врз себе”, изјавила Николиќ. Сета оваа фама околу нејзиното абортирање се појави поради фактот дека таа не сака да му роди дете на Ален Савиќ, за кој пак дознала дека е дилер на дрога. Како што пишуваат тамошните медиуми, Ален живее во легален брак, а сакал да се венча со познатата поп пејачка. Таа за целата оваа ситуација изјавува:

“Тој живее во легален брак, а сакаше да се венчаме во православна црква. Целта му беше да ме вовлече во бигамија. Неговата љубовница ме истепа. Да родам дете на наркоман и дилер? Тој има плантажа за марихуана во Холандија, џипот му го кренаа во воздух, не плаќа даноци и се занимава со нелегални бизниси. Се плашам за животот на најблиските и затоа изнајмив обезбедување да не чува. Не знам што да правам, се сплеткав со опасен криминалец”, искрено признала пред медиумите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: