Српскиот пејач кој кај нас е познат по многубројните балади, Саша Ковачевиќ, сепак доаѓа во Македонија. Како што дознаваме од неговите македонски менаџери, Саша во Скопје треба да пристигне околу 20-ти февруари кога ќе одржи и концерт. Ден потоа тој продолжува со уште еден настап – концерт во еден од градовите во Македонија.
Гостувањето на Ковачевиќ беше во прашање поради здравствените проблеми кој тој ги има со синусите и крајниците. Но, по операцијата која што треба да се случи веќе утре и 10-на дена интензивен одмор, веруваме дека ќе биде подготвен за она што го очекува, а тоа се неговите фанови и обожавателки.
Подготви: Редакција Музика24
