Музика на кирилица

Сузана Спасовска се вработи во “Танец”

Фолк дивата Сузана Спасовска веќе еден месец е во редовен работен однос во Ансамблот за народни песни и игри на Македонија како пејач солист првенец. Директорот на оваа Национална установа, Зоран Џорлев вели дека во годината во која одбележуваат 65-годишно постоење неопходно било да ги засилат редовите, а Спасовска била идеалниот кандидат за таа позиција според она што се барало на конкурсот, бидејќи посебните услови пропишани за позиција ги исполнувала од прв до последен (Спасовска е единствен уметник кој го доби орденот за заслуги за Македонија од Матицата на иселениците и повелба на Република Македонија од претседателот).

Уште од времето на Петранка Костадинова местото пејач солист првенец е испразнето. Имавме конкурс, Сузана Спасовска беше единствениот пријавен кандидат кој ги исполнуваше строгите услови за тоа место. Најверојатно беше единствен кандидат, бидејќи критериумите беа многу строги и специфични, па веројатно повеќето уметници не ги исполнуваат тие условите и не можеле ни да се пријават и тоа да е врвен и вонреден талент, да има уметнички остварувања, да е реномирана личност од областа на народната музика, да има освоено врвни награди и општествени признанија, да е голем авторитет во областа на народната музика, да го познава репертоарот на Танец и да има настапувано со ансамблот. Сузана беше и на аудиција како што беше предвидено пред комисија и од декември е дел од нашиот тим, а учествуваше и на новогодишниот концерт на Танец, вели Џорлев и додава дека годинава ќе имаат многу проекти, а во многу од нив ќе биде вклучена и Спасовска.

Како што вели директорот на Танец кај нив работното време е флексибилно, затоа што е таква природата на работата и потенцира дека сите вработени во оваа Национална установа се водени од девизата ред, работа и дисциплина затоа што според него само така можат да ги остваруваат зацртаните цели.

Извор: Сител

Можеби ќе ве интересира: