Во ново руво и нов стил како што доликува на поп пејачка од македонската музичка естрада. Спотот кој беше снимен пред извесен период конечно излезе во етер достапен за јавноста, но и медиумите, нешто што сигурно ќе се запамети е провокативната страна на младата пејачка Сара Маркоска. Самото сценарио на овој спот беше под режисерската палка на Александар Ристевски – Принц каде веруваме ќе продолжи нивната соработка и во иднина.
Многу детали се избрани, како од сценариска гледна точка така и од музичка за кој беше задолжен познатиот композитор Зоран Алексиќ, а за самиот текст поп пејачката Рената Кралевска која во неколку наврати можевме да ја видиме и во улога на текстописец. Сето ова не би било ако и згодната Сара Маркоска не го дадеше својот максимум од себе за да биде на едно високо, но светско ниво со нејзината одлична но и привлечна глума.
А како изгледа финалниот производ на овој спот кој е наменет за странскиот пазар, погледнете во продолжение.
Подготви: Редакција Музика24
