Многу романтика, забава и игра се главните каратеристики кој го одразуваат овој видео спот на поп пејачот Виктор Апостоловски. Конечно нова тема, нова страница врти во својата музичка кариера, а доказ за тоа е и синглот и спотот кој се дел од кампањата на “Durex” со една мисија, заштита при љубовните односи меѓу партнерите. Она што најмногу не изненади се позитивните критики од страна на неговите фанови кој не го криеја задоволството што нивниот идол сними токму ваков спот по теркот на светските ѕвезди кој секојдневно се борат за заштита на правата на луѓето на било каков начин.
Инаку видео спотот се снимаше на две локации и тоа во новоотворениот трговски центар Capitol Mall и во хотелот Stone Bridge. А за продукцијата се погрижи Тривиа кој со неизмерна поддршка и труд направија нешто ново во нашата македонска музичка естрада. Воедно наскоро ќе се снима и англиска песна, а ќе е наменет токму за летото.
До тогаш уживајте во спотот на поп пејачот.
Подготви: Редакција Музика24
