Како во некоја бајка обоена во црвено, вечерва во Македонската опера и балет започна долго најавуваната концертна промоција на вториот по ред албум на Каролина Гочева со староградски нови и обработени песни “Македонско девојче 2”. “Кој да ми запее” ја имаше честа да ја започне оваа неколку дневна концертна приказна, а веднаш потоа се редеа и “Чалгиска”, “Вези, вези”, преубавата и емотивна “Сакам да не те сакам”, “Смеј ми се смеј”, “Две лири (Не ни било пишано)… за на крај од овој албум нашата Каролина на преубав, оргинален и емотивен начин да ја испее песната “Ако згрешам нека изгорам”, која што некогаш ја пееше далеку познатиот фолк пејач Пепи Бафтировски, а истовремено беше придружувана и од публиката.
Со само неколку спремни, професионални музичари, без ниту еден пратечки вокал, матрица и било што останато на сцената, Каролина вечерва докажа и на сите им покажа како треба вистински да се направи еден концерт кој едноставно вреди да се види и да се биде дел од нешто што може само да се дожиевее, не може ниту да се раскаже со зборови, ниту пак да се објасни.
Како дел од првиот концерт од неколкуте најавени, нашата екипа ги забележа поп пејачот Ѓорѓи Крстевски, Боки 13 во придружба на стилистот Сергеј како и многу новинари од македонските медиуми. Топло Ви препорачуваме следните денови да ги искористите слушајќи ја музиката на новиот албум на Каролина и секако да посетите барем еден концерт од преостанатите четири кои следуваат.
Во продолжение погледнете ексклузивно видео од концертот за кое однапред се извинуваме поради лошиот квалитет на снимката, но сепак, тоа е само накратко да Ви ја доловиме адмосферата од вечерашниот концерт.
Подготви: Магдалена Атанасовска
