Не секогаш може да видиме како некој од подалечните краеви на светот пратат и подржуваат македонски изведувачи и македонска музика со искрена почит и неизмерна љубов. Таков случај е и со македонскиот преставник на “X Factor Adria”, младиот Даниел Кајмакоски каде пред неколку часа објави фотографија од неговиот инбокс со порака од обожавателка токму од Аргентина.
“Даниел сакам да ти се заблагодарам за прекрасниот талент кој го шириш низ целиот свет, иако сме далеку сепак нешто не спојува, а тоа е љубовта кон музиката, но ти си сепак за мене победник на “X Factor Adria”, гласеше пораката на неговиот фејсбук профил.
Со ова Даниел ни покажа колку Балканот, но и светот го цени, затоа во иднина секој “дијамант” кој ќе го забележиме на музичкото небо да не оставаме на другите да ни го промовираат, туку самите да го негуваме и да го прикажеме пред Балканот и пошироко.
Подготви: Редакција Музика24
