Ривалството кој го знаеме помеѓу сите натпреварувачи на шоуто “X Factor Adria” е нормална појава, бидејќи без конкуренција нема мотив за понатамошен успех. Многумина незнаат дека покрај пеењето и одличната изведба на сцена, Алекса Перовиќ шармерот и миленикот кај Емина Јаховиќ поседува и инзвонреден талент за компонирање, можеби не сме имале прилика да го слушнеме, но наскоро и тоа ќе се оствари.
Неодамна за едно интервју дадено за српски магазин изјавил дека договорил соработка со нашиот преставник Даниел Кајмакоски, каде како текстописец се потпишува на самата песна. А бидејќи сеуште незнаеме за што песна станува збор и кога ќе се претстави пред јавноста само можеме да претпоставиме дека се работи за мошне квалитетна песна со добро чувство за звук но и ритам. Единствено сега за сега како Алекса Перовиќ така и другите изведувачи се фокусирани кон една цел, а тоа што подобро да се престават пред публиката и да го покажат најдоброто од себе.
Подготви: Редакција Музика24
