Веројатно веќе имавте прилика да го видите новиот видео спот “Илузија” на познатата хрватска пејачка за која што претходно пишувавме. Да, но многумина од Вас сигорно се прашуваат кое е згодното и шармантно момче кое што се појавува во спотот и кое што ја дели својата прегратка со познатата пејачка.
Накратко, станува збор за ријечкиот маникен Феџа Џафиќ кој што досега има работено на неколку големи проекти, меѓу која е големата кампања за долна машка облека за Garcon Model. Тој е ангажиран за овој проект односно видео спот, во кој што одлично се снаоѓа.

