Поп дивата Јелена Карлеуша на својот твитер објави официјална информација, дека денес ги започна преговорите за концерт на Белградскиот хиподром наредната година. Меѓутоа пејачката води битка со новинарите за последниот концерт одржан на Ушче од причина што шират лажни дезинформации, бидејќи бројката била помала од 10.000, додека фановите на ЈК упорно тврдат дека било повеќе од 40.000 илјади, па затоа од таму причина што пејачката подготвува тужба против одредени медиуми кој се платени да го рушат угледот на пејачката.
А како “увертира” на целиот настан Јелена Карлеуша понудила дури 100.000 евра за фотографија каде на концертот нема публика, но како што посочува досега никој не се јавил на конкурсот. Дали мисијата на поп дивата ќе успее да го наполни повеќе од Ушче останува на неа.
Подготви: Редакција Музика24
