Најбараната светска метал група Iron Maiden ќе одржат концерт во јуни на Калемегдан во долни град во склоп на светската турнеја “Maiden England”, во организација на Авалон продукција. Покрај многубројната публика се очекува да дојдат и неколку илјади фанови од цел свет, а земајќи во предвид на територијата на цела бивша Југославија, ова е еден од најспектакуларните концерти оваа година.
Овој музички спектакл ќе се одржи под отворено небо, но за овој британски бенд нема да е прво гостување, тие досега имаа три настапи и тоа во 1981-та, 2007-та и 2009-та година каде ги посетиле повеќе од 40.000 илјади фанови. Оваа година го означуваат последниот дел од нивната светска турнеја која започна 2012-та година од Северна Америка, а продолжи во Европа и подоцна Јужна Америка вклучувајќи го и Рио де Жанеиро на кој е распродадено околу 90.000 карти,
Истата година поставија и светски рекорд каде во “Estadio Nacional” во Чиле свиреа пред 60.000 илјади луѓе, потоа во Англија пред 95.000 илјадна публика. Кога ќе се заврши оваа турнеја ќе го одбележат нивното 40 годишно постоење на сцената на “Sonispehere” фестивалот во каде се на се со оваа турнеја ќе ги видат повеќе од 2 милиона ширум светот. Специјално гости на нивните концерти како предгрупа ќе се шведскиот метал бенд “Ghost” кој се атракција кај публиката со нивниот перформанс.
Продажбата на влезниците ќе започне на 25-ти февруари во 10 часот преку фан страницата на Iron Maiden, а на 26-ти ќе започне официјално на Балканот и во Европа. Цените за партер 1 ќе се 2990 динари, партер 2 – 3.500, а за фан-пит зоната 4.500 динари како и преку продажните места низ цела Македонија кој ќе бидат овластени за самиот настан.
Подготви: Редакција Музика24
