Музика на кирилица

Пред и се, Даниел Кајмакоски настапил во “Мојата ѕвезда” кај Лила Филиповска

Многу Македонија пропушта кога е во прашање талентот и музиката, доказ за тоа е и учеството на нашиот претставник во познатата емисија “Мојата ѕвезда” на Лила Филиповска. Иако незнаеме дали победил во самото шоу или не, можеме само да претпоставуваме, но едно е јасно сите до сега македонски медиуми имаа можност да го чујат овој извонреден талент, меѓу кој и во најгледаната ТВ Сител.

Но кој можеше да претпостави дека токму во Србија ќе му тргне “к’сметот”, а факт е дека Даниел пробал на сите можни начини да се претстави пред македонската јавност, но по се изгледа не му успеало па и од таму е причината зошто кренал раце од се. Затоа Македонијо, во иднина не дозволувајте да ни се случат вакви грешки кој многу значат за нас како нација, бидејќи ништо на “тацна” не треба да ни се претстави, туку самите да се погрижиме да го промовираме пред целиот Балкан.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: