Мухамед Ибрахими – виртуозот на жичани инструменти, гитара, мандолина и шаркија, на 28-ми овој месец во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одржи свој солистички концерт. Тој за себе вели дека настапот во живо е неговото најсилно оружје.
Зад себе го има деби албумот насловен “Fly” кој што е издаден за продуценската куќа “PMG Recordings”. За време на одржувањето на концертот, истиот за присутните ќе биде достапен по промотивна цена. Инаку на неговиот концерт, како гости на сцената на МКЦ ќе се појават познатите музички имиња и тоа: Ратко Даутовски, Сеад Хаџиќ-Сецко, Андреј Анастасов Даскаловски – Еди, Мите Димовски и Џоле Максимовски.
Подготви: Марија Каревска
