Музика на кирилица

Тијана Дапчевиќ: На Евросонг одам за да победам

Пред неколку дена македонската публика конечно ја дозна евровизиската песна, бидејќи нашиот претставник веќе се знаеше. На посебна емисија на Македонската телевизија беше претставена евровизиската песна, односно македонската и англиската верзија на истата. На социјалните мрежи кружеа разно разни коментари, меѓутоа нашата овогодишна претставничка овој пат не се замараше со сето тоа. Таа за македонските медиуми изјави:

“Никогаш не сум била скромна. Не се задоволувам со влез во финале, ниту во полуфинале. Во Данска одам да победам. Возбудена сум, имам голема одговорност и голема чест ми е да ја претставувам Македонија”, изјави Тијана. Инаку, изминатиот викенд Тијана снимаше видео разгледница со која Македонија ќе биде претставена во Копенхаген.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: