По промоцијата на заедничкото ЦД “Виолина и глас” кон крајот на минатата година, познатиот македонски виолинист Зоран Џорлев и нашата позната македонска фолк пејачка Сузана Спасовска Ве повикуваат на уште дружење. Овој пат станува збор за едночасовен концерт, а воедно и промоција на веќе споменатото ЦД.
Петти март е денот кога во Македонскиот народен театар ќе се одржи овој музички настан, а сите Вие кои што се љубители на убавите ноти и пракрасниот глас Ве покануваме да бидете дел од ова музчко случување.
Подготви: Марија Каревска
