Сите со нетрпение го очекуваме големиот настан кој ќе се одржи во мај во Копенхаген, а тоа на нам ни е добро познат збор или реченица “Евровизија”. После долг период имаме можност официјално да ги слушнеме сите песни ќој ке бидат изведени токму на сцената заедно со кореографија, и можни сценски ефекти за што подобро ја претстават својата земја.
Ние како претставник ја имаме Тијана Дапчевиќ со насловот “Таму кај што припаѓам” или англиската верзија “To the sky”, каде како пратечки вокал ќе биде Тамара Тодевска со што ова ќе биде нејзино второ учество на фестивалот, таа пред неколку години имаше чест да биде дел од делегацијата во Турција заедно со поп иконата Тоше Проески.
Во продолжение ќе ви ги претставиме сите учесници на овој реномиран настан кој сигурно кај вас буди мала доза на “патриотизам” за што подобар пласман, но и победа како и подобро промовирање на нашата земја.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – 24-годишната Херсијана Матмуја од Албанија со песната “Zemërimi i një nate”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Pollapönk e бендот кој ќе ги брани боите на Исланд со синглот “Enga fordóma”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Бендот Арземниеки од Латвија, кој ќе се претстави со темата “Cake to bake”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – 20-годишната Марија Јаремчук ќе ја претставува Украина, а ќе ја испее песната која носи наслов “Tick-Tock”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Фолк бендот Firelight кој ќе ја преставува Малта ќе настапи со темата “Coming Home”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Белорускиот пејач Јуриј Вашчук познат како Тео каде ќе има свој мал перформанс ќе ја отпее темата со наслов “Cheesecake”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Финска годинава го праќа рок бендот Softengine, а ќе настапат со темата насловена “Something Better“.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – Себастијано Пау-Леси, познат само како Себалтер ќе ги брани боите гордо на Швајцарија а ќе настапи со темата на англиски јазик која носи наслов “Hunter of stars”.
Видеото погледнете го со клик на насловот на песната – 29-годишната Ема Мароне претставувајќи ја Италија, ќе има чест да настапи, воедно и да ја интерпретира песната на свој мајчин јазик, а самата композиција носи наслов “La mia città”.
Останатите 25 песни ќе имате можност да ги чуете на 26-ти март со што јасно дека е дел од балканските држави се откажа да пратат свој претставник на Евровизија, а меѓу нив се Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словачка.
Подготви: Редакција Музика24
