Музика на кирилица

Мексико наскоро ке ги удостои “Џамбо Агушеви” оркестарот (Видео)

Во рамките на интернационалниот фестивал “Festival del Centro Histórico” кој ќе се одржи во март, македонски амбасадори на трубата “Џамбо Aгушеви” на 23-ти се планирани да настапат со нивен прв солистички концерт каде ќе ја претстават одблизу балканската т.е. македонската музика на помодерен пристап кој досега и немале прилика да ја слушнат. Она што изненадува е факт е тоа што Мексико овој реномиран фетсивал го прави исклучиво со докажани светски музичари од целиот свет, па токму тоа е причината зошто и овој наш претпознатлив бренд ќе биде дел од тој спектакуларен настан кој за некој е и “голем залак”, но и предизвик.

Најново од оркестарот е што заедно со првата балканска труба Џамбо припремаат нов албум досега имаат промовирано три сингла каде интересот е повеќе од голем од светската музичка јавност. Претходната година ја одбележаа со многу врвни настапи низ цел свет меѓу кој и соработката со Роберто Де Симоне (Roberto De Simone) кој го сметаат сите за врвот во класичната музика, но покрај тоа тој прави и мал баланс меѓу класиката и балканската музика, а доволен доказ е успешниот заеднички концерт кој го имаа во Италија каде два часа публиката беше на нозе.

Многу работи ги поврзува овој оркестар, но како што велат и самите во Македонија е друга сликата за оваа балканска музика, додека на страна не класифицираат како светски музички артисти. Во продолжение погледнете дел од настапот кој го имаа во Италија како реприза на претходниот концерт заедно со Роберто Де Симоне.

https://www.youtube.com/watch?v=1am2rtqPFII#t=36

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: