Во прв ред

Наскоро “Green Fest 5” повторно во Штип

Петото издание на “Green Fest” во нов амбиент со нова порака до сите Вас: Bigger, Better, Stronger. За Вашето расположение ќе бидат задолжени 10-те DJ-и кои ќе настапат на три сцени во временска рамка од 15 часа. Како специјални гости Ви ги претставуваме Gramophondzie и легендарниот Гоце Саф. Главната сцена е резервирана за Stefano, заедно со Nennat Omen и Gramophondzie. Втората сцена ќе ја отстапиме на домашните електронски DJ-и: Кристијан Петровски, Бабевски, Драган Лазаров, C2 и Edmond Binoge.

Сцената со најпознатите hip hop хитови ќе биде во клубот Ice, каде свој настап ќе одржи скопсјиот DJ Гоце Саф, а како негов предвесник ќе биде резидентниот DJ Cipi. Иако текстот е краток, забавата ќе биде маратонска со безброј спомени и незаборавна атмосфера. Картите можете да ги купите во предпродажба по симболична цена од 100 денари во неколку места: Клуб Кафе ТУШ; Такси 1593; Билетара Дом на култура; Клуб Ice; Alibi Caffe. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и овој пат го подржува овој голем музички фестивал и е медиумски покровител на истиот.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: