Вчера на шоуто од “X Factor Adria” имавме можност да го видиме учесникот Алекса Перовиќ како ја изведува добро познатата песна “А сад Адио” заедно со малку сценско-актерска умешност кој тој ни ја престави. А не е ни чудно зошто и тоа го поседува, тој пред неколку часа од напуштањето прикачи фотографија каде е сликан заедно со Милош Биковиќ од познатиот филм “Монтевидео” кој имаше пред извесен период и премиера на новото продолжение.
Она што сите ги остави изненадени е самиот наслов под фотографијата кој гласеше “Вујко ми и јас”, па може во наредна прилика ќе ги видиме двајцата заедно во некој филм со што ќе имаме прилика да уживаме во актерските способности на овие двајца извонредни артисти.
Подготви: Редакција Музика24
