Премиера

Слушнете го новиот сингл на Александар Тарабунов (Аудио)

“Сега знам” е насловот на песната кој неодамна беше пуштен на официјалниот You Tube канал на поп пејачот. Ова е дефинитивно композиција со брз ритам во рок верзија, а е со светски звук прилагоден баш за неговиот вокал. За музиката се погрижи Јован Јованов, додека за аранжманот Дамјан Лазаров и текст Ана Пандевска, склопен во ново руво кој сигурно публиката ќе ја оцени како уште еден хит како и неговите претходни кој сеуште се изведуваат.

Иако не е дефинирано дали и за оваа композиција ќе има видео спот, но со оглед на тоа што веќе долг период Александар Тарабунов го подготвува својот албум, може да се случи и да го видиме и тоа наскоро, а најново од него е новата фотосесија заедно со Зоран Шеќеров кој беше задолжен за целата реализација.

Како звучи синглот слушнете во продолжение.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: