Голема е незвесноста до самиот крај на шоуто “X Factor Adria” кој ќе се одржи на 23-ти март. Според анкетата направена од продукцијата на самото шоу ги изнесоа следните резултати кој е најголем фаворит на публиката.
- Даниел Кајмакоски со 58% или (2232 гласа)
- Маид Хечимовиќ со 13% или (511 гласа)
- Илма Карахмет со 9% или (359 гласа)
- Доктори со 7% или (273 гласа)
- Тамара Милановиќ со 6% или (248 гласа)
- Лукијан Ивановиќ со 6% или (237 гласа)
Имено да се потсетиме кој се натпреварувачите кој го напуштија шоуто во претходната емисија (Алекса Перовиќ и Александра Брковиќ). Иако сеуште е во тек гласњето на официјалната веб страна на “X Factor Adria”, факт е дека Србија го цени нашиот достоен претставник од Македонија Даниел Кајмакоски. Седмата live емисија не очекува следниот вторник во која од шестмина натпреварувачи ќе се формира официјалната финална петорка. Затоа подржете го нашиот кандидат, бидејќи тој тоа го заслужува.
Подготви: Редакција Музика24
