Магазин

Кики на 14-ти со концерт во Скопје само со своите финалисти (Фото)

По големата медиумска најава на организаторот дека на 14-ти март ќе се случи голем концерт на Кики Лесендиќ – Пилоти и финалистите од регионалното тв шоу “X Factor”, од продукцијата МБК која ја има лиценцата за ова шоу пресекоа. Кики на концертот може да ги покани и претстави само и само своите финалисти, останатите не настапуваат. Тоа значи дека најавените Даниел Кајмановски, Докторите, Алекса Перовиќ и Лукијан нема да се појават на сцената.

Од продукцијата на неколку наврати споменуваа дека овој концерт не е на финалистите од ова шоу, туку дека едноставно тие се појавуваат на концертот на еден од менторите, односно на Кики од познатата рок група “Пилоти”. Дали организаторите кој го подготвуваат концертот намерно или ненамерно на официјалниот постер ги имаат вметнато речиси сите финалисти, тоа незнаеме, но вистината е дека повеќето од нив нема да бидат гости во Скопје, во спортската арена “Борис Трајковски”.

Дел од веќе најавените финалисти реагираа на своите Facebook профили. Марко Балабановиќ и Урош Туркулов ги напишаа следниве статуси:

Status_Marko Balabamovic

 

Status_Uros

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: