Балканленд

Гога Секулиќ се откажува од роденденските прослави

Српската фолк пејачка Гога Секулиќ реши повеќе да не го прославува сопствениот роденден. Како што пишуваат српските медиуми, таа вчера наполнила 37 години, но со оглед на тоа дека неодамна почина нејзиниот сопруг, немало никаква прослава.

“Немам ни желба ни сила да си го славам роденденот. За тоа не ни размислувам откако Игор ми умираше на рацете. Таа болка не поминува и славењето е нешто што ми е најмалку потребно” изјавила Секулиќ за српскиот Курир. Пејачката додава и дека самото спомнување на зборот славење ја навредува и дека не сака да зборува за тоа.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: