Премиера

Бендот “Prime Light” го издадоа својот прв сингл (Видео)

“Like you” е првиот сингл на бендот “Prime Light” кои што се состои од два члена Светлана Јовановска и Зоран Поповски. Како што велат тие, откако го пуштиле првиот сингл, веќе го подготвуваат и вториот кој би требало да излезе најдоцна до април. Инаку, за “Like you” текстот го напиша Светлана, додека аранжманот е на Зоран, а музиката е заедничка.

Сите оние кои често ги посетуваат ноќните клубски свирки сигурно ја препознаваат Светлана Јовановска – Светле која што има интересен и препознатлив глас. Овој нив прв сингл го финализираа Зоран Поповски и Борче Кузмановски, во чие студио и всушност е снимен истиот.

“Like you” е секојдневна, љубовна приказна која на сите нас ни се има случено, со сите убави моменти и секако , најчесто , тажни краеви. До сега, реакциите на луѓето се одлични, што навистина многу ми значи, затоа што тие лесно препознаваат емоција и со тоа уште полесно се поврзуваат со истата, ако е искрена. Планови за албум има, но сметам дека е се уште рано да се зборува за тоа. Одиме постапно, без брзање и не по секоја цена. Најважно ни е да останеме верни на замислата и истата да ја реализираме” изјави Јовановска за специјализираниот македонски музички портал Музика24.

Во продолжение Ви препорачуваме да го слушнете првиот сингл на Primer Light – “Like you”.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: