Балканленд

Лепа Брена: И денес сум Фахрета

“Бев и ќе останам тоа што сум и сум горда на моите родители, на моите корени и го почитувам моето име и презиме”, изјави Лепа Брена чие вистинско име и е Фахрета Јахиќ во склоп на концертот кој го имаше на стадионот Крњак во саботата на денот на жената каде посочи јавно дека не се срами од своето потекло, но и име и презиме.

“Зошто би се срамела? Кога сум едноставно горда на себе и на тоа досега што го имам направено, единствено преку мојата популарност други личности се сменија”, додаде Брена.

Името Лепа Брена и го даде нејзиниот бивш кошаркарски тренер, бидејќи му било тешко да ја памти по името Фахрета, а самото име Брена му било познато за кој ни самата фолк пејачка незнаела од каде потекнува сето тоа, а додавката Лепа и го предложил токму познатиот водител Милован Илиќ-Минимакс.

Сепак, очигледно е дека не бега од својата вистина за потеклото и своите корени, знаејќи дека сите ја знаеме по уметничкото име Лепа Брена кое е синоним за нејзиниот убав глас.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: