Хрватската поп пеачка Нина Бадриќ се исплашила и се нашла во многу непријатна ситуација кога на концертот кој што таа го имала во Бјеловар, организаторите и нејзиниот менаџмент морале да повикаат полиција. Таа вели дека веќе цела година ја следи непознат маж и претпоставува дека тој е од Ужице.
“Не е пријатно чувството кога знаете дека некој постојано ве следи. Но јас сум разумна личност и знам да направам разлика помеѓу фанови и фанатици”, изјавила Бадриќ за “Вечерњни лист”.
Подготви: Александра Блажевска
