Досега сме пишувале за разно разни занимливости од областа на музиката, но овој пат, следнава вест навистина заслужува внимание. Имено, младиот 16 годишен Роберт Спасенцовски кој е втора година во средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” од Скопје и кој што е еден од синовите на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски, прави вистинско чудо веднаш кога ќе дојде до хармоника.
Многу добро знаеме дека семејството Спасенцовски одлично свири хармоника, а видеото подолу само го докажува тоа. 16 годишниот Роберт со хармоника ја отсвире светски познатата “Wake me up” од Avicii.
А како тоа звучи… погледнете и слушнете сами.
Подготви: Христина Секуловска
