Во прв ред

Утре во Скопје – легендарните “Simple Minds”

Легендарните “Simple Minds” утре четврток 6-ти март ќе одржат концерт во СРЦ “Кале” во Скопје во рамки на нивната светска турнеја “Greatest Hits”. Членовите на легендарниот шкотски рок состав денеска од Загреб ќе пристигнат во македонската метропола, а според организаторите на концертот познатата “Авалон продукција” не се предвидени интервјуа, ниту прес конференција со групата.

Во Скопје доаѓаат вокалот Џим Кер, Чарли Брчил кој е задолжен за гитара и клавијатури, Мел Гејнор тапани, Енди Гилеспи квалијатури, Гед Грајмс бас-гитара и Сара Браун која е придружен вокал. Како што е најавено, групата ќе одржи двочасовен концерт пред македонската публика. Како предгрупа ќе настапи македонскиот состав “Мизар”, кој ќе промовира дел од новиот албум “Шарена крава”. Во својата тридецениска кариера “Simple Minds” имаат издадено 16 студиски албуми чија продажба има достигнато мултиплатинести тиражи.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: